еМагазин
ЖИВОТ

69% од новите случаи со Ковид-19 се невакцинирани, од 468 хоспитализирани пациенти, 91 се целосно вакцинирани

Во периодот од 6 август заклучно со 25 ноември на територија на државата 58.276 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид-19, од нив 31% биле целосно вакцинирани, односно 17.896 лица, се вели во најновата анализа на Министерство за здравство.

„Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистика за изминативе месеци, 40.380, граѓани, односно 69% од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани.

Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани е голем, од 468 моментално хоспитализирани пациенти, 91 се целосно вакцинирани,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

415 од починати 1.986 лица од Ковид-19, биле вакцинирани

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бигорски манастир: Приказната за Божикното цвеќе

Редакција

Четврток и петок стабилно и топло време, за викенд повторно нестабилно со пороен дожд, засилен ветер и град

Редакција

На 203 се искачи бројот на повредени во пожарот во Кочани

Редакција