еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

415 од починати 1.986 лица од Ковид-19, биле вакцинирани

Смртноста кај невакцинираните од Ковид-19 е драстично поголема, покажува анализата на Министерство за здравство за периодот од 6 август до 25 ноември.

„Во тој период, на територија на државата починале 1.986 пациенти со Ковид-19, 1.571 пациенти од починатите, односно 79% не биле вакцинирани, а 21%, односно 415 примиле вакцина.

Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКоВ2,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

69% од новите случаи со Ковид-19 се невакцинирани, од 468 хоспитализирани пациенти, 91 се целосно вакцинирани

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Смртна закана кон сопругата го спречила Јанчев да гостува во телевизиска емисија

Редакција

(Галерија) Промоција на Галичник и Меденица како дел од Виа Динарика: Приказна која мора паметно да му ја раскажеме на светот

Силвана Жежова

29-годишен бугарски навивач проподен со нож во скопски Чаир

Редакција