еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Втор ден прекин на Патничкиот и товарниот железничкиот сообраќај

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во државав втор ден е во целосен прекин, откако машинскиот и извршниот персонал од вчера во 7 часот ја бојкотираат работата, барајќи исплата на вториот дел од платата за октомври.

Душко Чакаровски, претседател на синдикатот на машинскиот персонал, за МИА изјави дека бојкотот ќе трае се до исполнување на поставеното барање. Досега, како што вели, не ги контактирал никој и немаат најава кога би се реализирала исплатата.

Ова е втор прекин на на работата во Жеелзницата месецов. На 1 ноември имаше бојкот, исто така, поради неисплатен втор дел од платата за септември. По исплатата наредниот ден ја прекинаа блокадата, но до раководството на железничкото претпријатие доставија одлука дека доколку до 25. во месецот не им биде исплатена целосно платата за претходниот месец, повторно ќе ја бојкотираат работата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од утре нов прекин на железничкиот сообраќај

Прекината блокадата на железничкиот сообраќај

МИА/Фото: Македонски железници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ужас во селото Сенокос: 18-годишник ја силувал неговата полусестра и ѝ се заканувал да не кажува на родителите

Редакција

Русите нападнале евакуациски конвој во регионот на Киев, загинале седум цивили, од кои едно е дете

Редакција

Убава вест: Оздравени 474 болни од Ковид-19

Редакција