еМагазин
Image default
Македонија

Ревакцинирани 47% од полнолетните граѓани, 70.937 примиле трета доза

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.434 дози вакцини, од кои 1.268 се аплицирани како прва доза, 1.021 се ревакцинирани, а 2.145 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 26 ноември вкупно се вакцинирани 828.770 граѓани, ревакцинирани се 794.666, а трета доза примиле 70.937 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Педесет и седум отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст, како што се посочува, се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58 отсто, а со две дози опфатени се 47 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проширена истрагата против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири

Редакција

Кафулињата и рестораните да работат со скратено работно време до 18 часот, побара Филипче

Редакција

Грчкото МНР изрази сочувство за трагичната сообраќајна несреќа

Редакција