еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе влезе ли Алтернатива во Владата: Денеска нова средба на Заев со Гаши

Премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши денеска во 14 часот ќе одржат нова средба за тоа дали партијата ќе се приклучи во Владата и парламентарното мнозинство или ќе остане во опозицискиот блок, потврдија за МИА од Алтернатива.

Централното претседателство на Алтернатива во петокот го овласти Гаши да почне разговори со сите политички актери, со премиерот и со евентуалниот нов мандатар за да се види каков е нивниот концепт за излез од политичката криза.

Заев и Гаши, претходно одржаа средба и на 19 месецов.

На седницата на Централниот одбор на СДСМ, што се одржа исто така во петокот, беше констатирана оставката на Заев од лидерската позиција во партијата, но му беше даден легитимитет да ги води преговорите за парламентарно мнозинство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев не дава оставка од премиерската функција, прво да завршиле преговорите со Алтернатива и Бугарија

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Вознемирувачки снимки од островот Евија, кој го погоди невремето “Илиас„

Редакција

Остаревме со лажна надеж за ЕУ: Самите сме виновни ама и европјаните се за жалење

Редакција

Волстрит журнал: Ефикасноста и безбедноста на „Спутник V“ е геополитичка победа за Москва

Редакција