еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Болки во телото и екстремен замор кај помладите, опасен за постарите: Кои се симптомите на омикрон, новата варијанта на Ковид-19

Луѓето во Јужна Африка кои се заразиле со омикрон сојот на коронавирус не се сериозно болни смета Јужноафриканската медицинска асоцијација (САМА), пренесе ДПА.

-Досега откриените случаи во Јужна Африка не се сериозни, изјави за Би-Би-Си, Анџелик Кетзи, која претседава со Јужноафриканската медицинска асоцијација.

Меѓутоа, рече таа, истражувањето на новата варијанта на вирусот е сè уште во многу рана фаза, додавајќи дека само 24 отсто од луѓето во земјата се целосно вакцинирани.

-Пациентите најмногу се жалат на болки во телото и замор, на екстремен замор, и тоа го гледаме кај помладата генерација, а не кај постарите, рече таа.

Кетзи додаде дека тоа не биле пациенти кои директно се примени во болница.

Меѓутоа, во коментари за други медиуми таа изрази загриженост дека новиот сој може да се појави кај постари луѓе со основните проблеми за нив, како што се срцевите заболувања или дијабетес, пренесе ДПА.

-Симптомите на новата варијанта се невообичаени, но благи, рече таа, додавајќи дека прво била предупредена за можноста за нова варијанта кога пациентите со невообичаени симптоми за Ковид-19 дошле во нејзината ординација во Преторија на почетокот на ноември, жалејќи се на силен замор.

Кетзи наводно е првата јужноафриканска лекарка која на 18 ноември ги предупредила здравствените властите за пациенти со нов сој на коронавирусот.

СЗО новиот сој го класифицира како „загрижувачка варијанта“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Нема место за паника, новиот сој на Ковид-19, омикрон, се разликува само во шилецот

СЗО го класифицираше новиот сој на коронавирусот, омикрон, како загрижувачки и високо пренослив

Што знаеме за новата опасна варијанта на коронавирусот – омикрон, кој има најмногу мутации досега

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Следете во живо): „Еден свет, заедно дома“: Светската музичка елита ќе пее за здравствените работници

Редакција

Штип ново жариште: Рекордни 60 новозаразени со корона вирусот

Редакција

Згасна ќерката фирма на Тетекс – Петролгас

Редакција