еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Двајца пациенти од автобуската несреќа ќе бидат пуштени на домашно лекување, денеска пристигнуваат уште тројца

Двајцата пациенти од автобуската несреќа во Бугарија кои се хоспитализирани на Клиниката на пластична хирургија денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување, а уште тројца од повредените во текот на денот ќе бидат транспортирани од СоАЍЍ1фија во Скопје.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека еден од тројцата пациенти што треба да пристигнат е веќе тргнат, а останатите двајца ќе бидат транспортирани во попладневните часови и се очекува да стигнат вечерва.

– Веројатно тројцата иницијално ќе бидат задржани повторно на Клиниката за пластична хирургија. Добро се чувствуваат сите кои се таму, вклучувајќи ги и овие тројца. Добро се чувствува и оперираниопт пациент. Тој веќе е вертикализиран и почнува да оди, изјави Филипче.

Во автобуската несреќа што се случи на автопатот „Струма“ загинаа 45 македонски државјани, а седуммина беа повредени и хоспитализирани во болницата „Пирогов“ во Софија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца повредени во автобуската несреќа ќе бидат отпуштени попладне од софиската болница

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За една недела 32 лица повторно се заразиле со Ковид-19

Редакција

Се уште не е пронајдено момчето кое исчезна во водите на Вардар кај неготинско Пепелиште

Редакција

Бугари мамеле Охриѓани со шемата за лажни сообраќајки, изнудиле над еден милион денари

Редакција