еМагазин
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

21% од починатите од Ковид-19 во последните 4 месеци биле вакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во периодот од 6 август заклучно со 2 декември.

За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

-Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата.

Во период од 06.08 до 02.12.2021 од вкупниот број починати со Ковид-19, 79% биле невакцинирани, а 21% примиле вакцина.

Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

69% од позитивните на Ковид-19 во последните 4 месеци не биле вакцинирани

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државниот управен инспекторат вработува пет лица, плата до 26.257 денари

Редакција

Двајца пациенти починале од корона вирусот, еден од нив на пат кон болницата во Охрид

Редакција

Мицкоски повика на достоинствено чествување на роденденот на Гоце Делчев

Редакција