еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ денеска, на 17. редовен партиски Конгрес, го реизбра Христијан Мицкоски за претседател. Тој беше и единствениот кандидат за лидерската позиција, а доби поддршка од 489 делегати.

Од присутни 493 делегати, гласале 492 од кои 489 за Мицкоски. Имало и три неважечки ливчиња.

На конгресот под мотото „Нова генерација за нова иднина“, ВМРО-ДПМНЕ најави нова доктрина и кадровски освежувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски најави нов концепт – општествен консензус за заеднички патриотизам

Мицкоски пред почетокот на конгресот рече дека се потребни предвремени парламентарни избори.

Истакна и дека ВМРО-ДПМНЕ изминатите четири години се реформирала и трансформирала.

-Инсистираме на брзи предвремени парламентарни избори зашто народот треба да биде претставуван согласно тоа за што гласал, а гласал на последните локални избори за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, изјави партискиот лидер пред почетокот на конгресот.

Мицкоски го доби првиот претседателски мандат во партијата пред четири години, на 23 декември 2017-та, кога на 16. конгрес во Валандово беше поддржан од 376 делегати.

Тој е доктор по технички науки и професор на Машинскиот факултет во Скопје.

Беше претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕЛЕМ, а во однос на партиските активности извршувал повеќе функции – бил претседател на кадровската комисија на ВМРО-ДПМНЕ, дел од Републички изборен штаб на изборите 2011, дел од Републичкиот изборен штаб ИЕ4 на изборите 2008, 2014, 2016, член на конгресот на партијата во 2003 кога за претседател е избран Никола Груевски, како и член на конгресот во 2015 година.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тројца адвокати од случајот „ТНТ“ казнети со по 2.000 евра поради обид за одолговлекување на судењето

Редакција

Кој е Стефан Јанев, привремениот премиер на Бугарија

Редакција

НЛБ Банка го заокружи „НЛБ месецот на штедење“ со порака за хуманост и позитивни промени во заедницата

Редакција