еМагазин
Image default
Бизнис

Влада: Со ССМ се договоривме да најдеме решенија за повисока минимална плата и за унапредување на работничките права

Владата претставена од министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири и од советникот на премиерот за труд и социјална политика, Милан Живковиќ, денеска разговараше со претставници на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и граѓанските синдикати што членуваат во него во врска со синдикалните барања за повисока минимална плата, потребата од конечно воведување на неделата како неработен ден, правото на исплата на регрес за годишен одмор, односно К-15, за јавниот сектор и за општиот колективен договор за приватниот сектор, информираат од Владата.

Владините претставници, како што соопшти Владата, ги изнеле владините политички позиции за унапредување на правата и статусот на работниците во Македонија без разлика од кој сектор доаѓаат и уште еднаш ги потенцирале заложбите на Владата за најбрзо обезбедување на денот недела како неработен за сите работници кои имаат потреба од остварување на тоа право, како и за покачување на минималната плата до 18.000 денари најбрзо што може во 2022 година, а со цел покачување до 20.000 денари до крајот на мандатот.

Министерот Шаќири во име на Владата потенцирал дека обврска на Владата е да го слушне и разбере гласот на работникот и дека оваа Влада секогаш ќе биде отворена и ќе излегува во пресрет на барањата на синдикатите.

Министерот изразил целосна подготвеност за реализација на циклус разговори меѓу Владата и социјалните партнери со цел изнаоѓање најсоодветни и изводливи решенија за унапредување на статусот на работниците, вклучувајќи и покачување на минималната плата.

– Владата и синдикатите се согласија работна група да ги прибере сите потребни податоци со цел детална разработка на можните оперативни решенија за зацртаните социјални цели, најдоцна до 20 јануари 2022 година, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протест на ССМ: Работниците побраа поголема минимална плата, недела неработен ден и регрес за сите работници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Еуроимпекс“ го доби тендерот на Управата за финансиско разузнавање за набавка на две возила

Редакција

Почна со работа „Стопанска лизинг“, нова компанија на Стопанска банка Скопје

Редакција

Државна ревизија откри дека владините мерки за зголемување на вработеноста се неефективни

Редакција