еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Бебето Бехра родено на ГАК со 665 грама заминува дома со 2.190 грама

По 67 дена поминати на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, со престој на неонатолошките интензивни одделенија, предвремено роденото женско бебе денеска заминува дома во добра општа состојба и со уреден наод на виталните функции, информираат од Министерство за здравство.

„Бебето беше родено на 8 октомври, предвремено во 29. гестациска недела, со екстремно мала тежина од само 665 грама, со должина од 30 сантиметри, а денеска стручниот тим на клиниката го испишува со 2.190 грама телесна тежина.

Трудницата која е прворотка беше хоспитализирана три дена пред раѓањето на бебето – на 5. октомври и во тој период беше подложена на предродилен мониторинг и третман. Бременоста и била оптоварена со повеќе ризици, вклучувајќи го слабиот раст и развој на фетусот, односно на плодот во утробата на мајката.

Нашата најмала хероина во 2021 година денеска првпат ќе влезе во својот дом во велешкото село Јаболчиште, по 2 месеци и една недела поминати на неонатолошките интензивни одделенија на ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје.

Тимот лекари и медицински сестри секојдневно ја следеа нејзината здравствена состојба и заедно со новороденото ги добија сите предизвици кои се испречуваа пред нив,“ се вели во соопштението.

Во периодот на престој на одделенијата на ГАК, новороденото имало комплексен третман, а поради проблеми со дишењето било и на механичка вентилација.

„Бебето е родено како високоризичен пациент, но беше мошне борбено и за цело време имаше добар одговор на комплексните третмани кои му се даваа на неонатолошките интензивни оделенија на Клиниката.

На бебето му се направени сите скрининзи кои се пропишани во Националната програма на Министерството за здравство и денеска персоналот на ГАК го испраќа од клиниката со прецизни поуки за контрола и за следење на растот и на развојот.

За среќа, во рамки на екстремната незрелост, намалената отпорност и малата родилна тежина и целокупниот третман, новороденото се испишува во добра општа состојба, со пораст на телесната маса, стабилно и витално,“ се додава во соопштението.

Медицинскиот персонал заедно со министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска го посети бебето Бехра, го испратија доенчето дома кај нејзините родители со желби за здраво и среќно детство.

„Изминатите 4 години години постигнавме навистина значајни резултати и сме единствена земја во светот којашто има значајно намалување во вкупната смртноста на родените бебиња. Процентот на преживување на предвремени бебиња значајно се зголеми, односно смртноста од 2016 година кога беше 25% сега е 8,9%.

Сето ова е како резултат на севкупното внимание, инвестиција што ги правиме со што го подобруваме третман на родилките и бебињата, како на оние коишто се раѓаат во термин така и на предвреме родените,“ изјави Филипче.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Романски државјанин спасен преку бројот 112 во соработка на македонските и грчките служби

Редакција

Клиника Жан Митрев 24 години – 1 милиони прегледи и 400 000 успешни приказни 

Редакција

Срам во Битола: Наместо во изолација се степале со соседите

Редакција