еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ЛДП останува во Владата и дава поддршка на идниот мандатар

Раководството на ЛДП, претседателот Горан Милевски, потпретседателите Моника Зајкова, Игор Велјановски и генералниот сектретар Боби Мојсоски, на денеска одржаната работна средба со раковoдството на СДСМ, односно со новиот претседател Димитар Ковачевски, генералниот секретар Љупчо Николовски и премиерот Зоран Заев ги договориле програмските политики важни за либералдемократите во делот на економијата, екологијата и изборните реформи.– На средбата ги договоривме програмските политики кои се важни за ЛДП во делот на економија, екологија и изборните реформи. Усвоени се нашите барања кои ќе ги афирмираат нашите либерални политики, а тоа се: заокружување на процесот на децентрализација, отворање на Законот за локална самоуправа, воведување на моделот на една изборна единица, отворени листи за избор на советници, регулацијата на пазарот на криптовалути, измени во законите за градење и урбанистичко планирање со цел стопирање на урбаниот хаос во градските центри и ставање акцент на хуманото живеење и екологијата.

Изградба на нова жичарница на Пелистер и развој на зимскиот туризам, стои во соопштението од ЛДП.

Од ЛДП воедно укажале дека не отстапуваат од заложбите на политиката на рамен данок и укинување на парафискалните давачки кои се неданочни обврски за граѓаните.

-Очекуваме тесна и успешна соработка и градење на политики во интерес на граѓаните во очекување на новиот мандатар на Владата, истакнаа по средбата од раководството на ЛДП, се наведува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите што се пријавени ќе бидат вакцинирани до 15 јули, вели Филипче

Редакција

Македонскиот проект Tripnotic, на листите на најпопуларни музички подкасти на светските сервиси за дистрибуција на аудио-содржини

Редакција

Комисијата за зарaзни болести не е надлежна да кажува кога да се одржат изборите, вели Филипче

Редакција