еМагазин
Image default
Македонија

Комисијата за зарaзни болести не е надлежна да кажува кога да се одржат изборите, вели Филипче

Комисијата за заразни болести не е надлежна да кажува кога треба да се одржат изборите, туку само да изработи здравствен протокол во однос на нивната имплементација, истакна денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој на прес-конференција рече дека претседателот на државата, Стево Пендаровски побарал од Комисијата да го изработи здравствениот протокол, која веќе го има завршено. Лидерите на партиите, како што рече, се тие кои треба да одлучат за датумот на нивното спроведување.

Тој додаде дека во протоколот се ставени повеќе работи во однос на спроведување на изборниот процес, но смета оти епидемијата сега е повеќе под контрола, а ризикот може да биде зголемен во период што следи.

„Сега сметаме дека епидемијата е повеќе под контрола, наспроти тоа што може да е зголемен ризик во периодот кој што следи. Сега позитивни се ефектите од карантините, затворените училишта и градинки, но и граници.

Сето ова е дополнителен ризик да се појават нови случаи кога ќе се отворат границите, и ќе се пуштат во функција училиштата и градинките, таму покасно во есента и сезонскиот грип, така што мандатот на комисијата е да ги каже здравствените аспекти, а во однос на тајмингот ќе одлучат лидерите на партиите,“ рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Очекуваме втор бран на корона вирусот наесен, ќе инвестираме да го дочекаме подготвени

Филипче го испратил предлог-документот до грчкиот колега со кој ќе се регулира начинот на патување помеѓу двете држави

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европската Унија испраќа оценска мисија во Скопје за работата на Судскиот совет

Редакција

Османи: Протоколот ќе го објавиме пред да биде потпишан

Редакција

Прва средба на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за Законот за ЈO: Опозицијата ќе достави забелешки, нова средба до крајот на неделава

Редакција