еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Прва средба на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за Законот за ЈO: Опозицијата ќе достави забелешки, нова средба до крајот на неделава

Стручните тимови на ВМРО-ДПМНЕ до крајот на неделава ќе достават предлози и забелешки на законот за Јавно обвинителство, по што би требало да се одржи средба на работните групи.

Ова, како што брифираат од двете партии, е договорено на денешната средба меѓу Бојан Маричиќ од СДСМ и Тимчо Муцунски од ВМРО – ДПМНЕ, на која станало збор за можните решенија и одоглавување на дијалогот за законското решение за Јавното обвинителство.

-ВМРО-ДПМНЕ се обврза да достави конкретни писмени забелешки на текстот на законот во наредните денови пред да се закаже средба на работните групи која би требало да се случи до крајот на оваа недела.

Постапките на СЈО и продолжување со работа на обвинителите на конкретните случаи со кои се задолжени остануваат најголем проблем за опозицијата. Ние сакаме правда и професионално обвинителство кое ќе ги продолжи постапките.

СДСМ цврсто стои зад донесување на законот и работиме со сите пратенички групи за негово донесување, велат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, посочуваат дека камен на сопнување продолжува да биде, како што наведуваат, „неизбалансираното законско решение со кое засега не се гарантира независно јавно обвинителство кое е подложно на политички злоупотреби“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продлжува судењето за „организаторите на 27 април”

Редакција

Индустриското производство во април порасна за 46,1%

Редакција

Од партијата на Љубчо Героргиевски бараат државата да докажала дека Ванчо Михајлов бил соработник на фашистите

Редакција