еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Владата во 2022 година ќе набави 500.000 вакцини „Фајзер“, од нив 10.000 ќе бидат за деца 

Владата на денешната седница ја усвои информацијата за набавка на вакцини против Ковид-19 за 2022 година, според која е утврдена потребата од набавка на 500.000 дози на мРНА (мРНК) вакцини од производителот „Фајзер“, во кои ќе бидат вклучени и педијатриските дози во количина од еден отсто од вкупниот број деца во земјава на возраст од 5 до 12 години, односно околу 10.000 дози.

„Согласно информацијата дозите за возрасните да почнат да се испорачуваат од месец мај, а педијатриските дози во првото тромесечје на 2022 година, а вкупната количина треба да се испорача до декември 2022 година,“ се вели во соопштението.

Од Влада додаваат и дека набавката на ова количество на вакцини против Ковид-19 за 2022 година е заради заштита на јавното здравје и за рестартирање на економијата како јавен интерес.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Засега нема укинување на ковид сертификатите

Редакција

Вознемирувачка снимка од експлозијата на магацинот со муниција во околината на грчки Волос

Редакција

Топ пет професии со највисока просечна плата: Програмерите убедливо на врвот

Редакција