еМагазин
Image default
Македонија

Во Софија осуден мажот кој на интернет објави недолични коментари за несреќата на автобусот на „Беса Транс“

Окружниот суд во Софија денеска го осуди 34-годишниот С.Б. на 4 месеци условна затворска казна, која ќе биде ефективна доколку стори друго кривично дело во рок од три години, поради објавени недолични коментари за несреќата на автобусот на „Беса Транс“ во Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на соопштение на софиското Окружно јавно обвинителство, против С.Б. беше покренато обвинение за „ширење омраза“.

Според обвинението, С.Б. на 23 ноември 2021 година околу 11 часот во група на социјална мрежа објавил содржина со која ширел омраза на „основа на национална и етничка припадност кон македонскиот етнос“. Тој кон објавената содржина прикачил и фотографија од опожарениот автобус на „Беса Транс“ на автопатот „Струма“.

Обвинетиот пред Судот го признал делото за кое се товари, по што е постигнат договор да му биде изречена условната казна. Согласно постигнатиот договор, казната е ефективна и обвинетиот нема право на жалба.

Несреќата на автобусот на „Беса Транс“, што патуваше на релација Истанбул – Скопје, се случи на 23 ноември во раните утрински часови на автопатот „Струма“ во Бугарија, при што загинаа 45 лица, од кои 12 деца, а седум беа повредени.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ислам Абази даде заклетва и ја презеде функцијата од Вилма Русковска

Редакција

Платформа против корупција: 94 закони предложени во декември 2019 не се објавени на ЕНЕР

Редакција

Нема нови случаи на заболени од коронавирусот во затворот во Шутка

Редакција