еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Нови 42,2 милиони евра пласирани кон домашните компании преку Развојната банка

Развојната банка денеска ја повлече втората транша во износ од 42,2 милиони евра за мали и средни компании од заемот од Европската инвестициска банка.

Со оваа транша, како што информираат од банката, е предвидена поддршка на 132 проекти на домашни мали и средни компании и средно-пазарнокапитализирани компании кои ќе вработат нови 373 лица.

Од траншата, најголем дел на средствата се наменети за компании во сегментот на трговијата и производството (16,4 милиони евра).

Компаниите ги користат средствата од кредитната линија преку матичните комерцијални банки, за заеми за тековни средства со каматна стапка до 1,6%.

Заедно со првата транша се повлекоа вкупно 59 милиони евра за 182 компании, кои ќе вработат нови 463 лица.

-Со овој заем кој РБСМ го склучи со ЕИБ во 2021 година, се обезбедија 100 милиони евра по поволни услови, како директна поддршка на малите и средни компании и средно пазарнокапитализирани компании.

Преку заемот, се поддржуваат домашни компании од трудоинтензивните дејности како производство, туризам и услуги, за брзо закрепнување од Ковид-19 кризата.

Заемот од ЕИБ ќе им помогне на компаниите да обезбедат континуитет на деловните процеси и задржување на работните места, а истовремено да ја зголемат својата продуктивност и да ги прошират деловните активности, велат од Развојната банка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новата реалност: Свадби без оро и жива музика и ограничен број на гости

Редакција

„FinanceThink“: Плата во плико најмногу земаат вработените осигурени на минимална плата

Редакција

Туристичките агенции пред колапс, бараат да се продолжат мерките за поддршка

Редакција