еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Една петтина од основците живеат во сиромаштија

Една петтина од децата во основните училишта живеат во сиромаштија. Во некои од училиштата тоа се 50% од децата, некаде се 10%, но и да е едно, тоа заслужува внимание какво што му е потребно, вели Елена Мишиќ, раководителката на проекот чија цел е подобрување на состојбите во образованието, а кој денеска беше презентиран на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип.

Таа додава дека училишните практики во однос на децата кои покажуваат послаби резултати се развиваат.

– Она што загрижува е што децата од тие најсиромашни групации, од оној најдолен квинтил покажуваат многу послаби резултати на меѓународните тестирања. Ова е состојба којашто се менува, не е на ниво на цела држава, бидејќи сиромаштијата е од различен вид, може да биде финансиска, отсуство на услуги и можности, може да биде во руралните средини, во помалите градови. Секое училиште се справува со своите предизвици, вели Мишиќ.

Посочи дека целта на проектот е поголема вклученост на ранливите групи, но и подобрување на наставниот процес за да може овие деца да ги постигнат истите успеси како оние кои имаат повеќе можности за учење и развивање.

-Зборуваме за улогата на дополнителната настава, за индивидуализацијата на наставата да одговори на потребите и стиловите на учење на секое дете. Зборуваме за можности за бесплатен превоз, како тој се реализира, за бесплатни ужинки и други секакви воннаставни мерки и активности на ниво на училиште од типот на хуманитарни акции, од типот на поддршка, врсничка поддршка, наставничка поддршка, подобрување на улогата на родителите, рече Мишиќ.

Во Факултетот за образовни науки во Штип денеска се одржа петтиот состанок на Националното тело за развивање политики, на кој присуствуваа претставници од училишта, невладини организации и државни институции.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратениците ја усвоија потребата по скратена постапка да се донесат закони за изградбата на коридорите 8 и 10д

Редакција

Владата го менува законот за данок на добивка

Редакција

„Гранит“ го доби тендерот на ЈП за државни патишта за докомплетирање на автопатот Миладиновци-Штип вреден 5,7 милиони евра

Редакција