еМагазин
Image default
Забава

Фолтин на минусни температури ја собра Битола на „Зимска приказна“

Синоќа во Битола со големиот концерт на Фолтин започна „Зимска приказна”, проект во организација на Општина Битола, кој од 23. декември па сѐ до новогодишниот дочек на 31. декември, платото пред неодамна реконструираниот Офицерски дом го претвори во празничен плоштад.

57 различни проекти, во кои ќе настапат музички групи, редица диџеи, театарски претстави, учесници на детски музички фестивали, а ќе се одржуваат и работилници во збирно над 60 часа активна програма, ќе ги анимираат битолчани во претпразнична атмосфера.

Сите ангажирани учесници се избрани на јавниот конкурс кој го објави Општина Битола, неодамна мотивирајќи ги сите локални артисти да се пријават, со цел да се поддржи нивната уметничка работа, особено во годината кога заради протоколите имаа ограничен број на ангажмани.

На оваа локација ќе имаат можност за промоција и малите бизниси, како што се занаетчиите, селектирана угостителска понуда и анимација со цел да се промовираат, нудејќи придружна понуда која ќе асоцира на празници и славење.

Битола конечно доби настан кој ќе ја направи музички жива во зима, беше вчерашниот заклучок на концертот на Фолтин на минусни температури, кои не беа пречка да се разигра публиката.
Во публиката добра енергија, насмевки и уживање…

Битола вчера покажа дека може, а „Зимска приказна“ ќе биде повеќе од празничен фестивал.
Денеска настапија DJ B. Boy, Citу band, 3G band од 20:00 часот и Kod 369 од 21:30 часот.

А за самиот крај на вечерта од 22:30 часот бендот Паркети, кој ја слави Битола музички од 1991 година. Фановите на Паркети ги обожуваат нивните настапи во живо, го сакаат нивниот изглед и смислата за хумор низ текстовите за кои самите тврдат дека се апстрактни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Васко Ефтов доби син

Редакција

(Видео) Светот остана без Тина Тарнер, почина кралицата на рокенролот

Редакција

(ВИДЕО) Сопругата Оливера му беше вечна инспирација на Балашевиќ: „Не можев да гледам други девојки“

Редакција