еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Отворен Конзулат на Малта во земјава, Кочо Анѓушев именуван за почесен конзул

Во Скопје денеска официјално е отворен Конзулат на Малта во земјава и за почесен конзул на оваа островска држава е именуван проф. д-р Кочо Анѓушев.

Анѓушев на должноста е именуван со указ на претседателот на Малта, Џорџ Вела на 5 октомври годинава, а именувањето е одобрено и од малтешката Влада.

Соодветни одобрувања се дадени и од страна на македонската Влада.

– Ќе ми претставува особена чест и задоволство да бидам почесен конзул во нашата држава на Малта, која е членка на Европската Унија. Малта, иако мала со околу 460 илјади население, е економски високоразвиена земја од која имаме многу да научиме.

Соработката и трговската размена со Малта е на многу ниско ниво и ќе ми биде предизвик да работам на зголемување пред се на економските активности, создавајќи конекции на малтешки стопанственици со нашата држава и да видиме колку производи може да пласираме од кај нас во Малта, истакна Анѓушев по повод отворањето на канцеларијата на Конзулатот.

Малта е држава лоцирана во средишниот дел од Средоземното Море, со годишен бруто домашен производ од над 39 илјади долари по глава на жител. Најразвиени сектори се банкарство, ИТ, како и туризмот. Најголем потенцијал за трговска размена со Малта се гледа во извоз на земјоделски производи од нашата држава.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седум години „еМагазин“: Сведочиме дека научно фантастичните филмови може да станат реалност

Редакција

Со онлајн работилница со Илина Арсова започнува „РЕсет“ платформата за добросостојба на Реплек – приклучете се!

Редакција

Претседателот на Европскиот совет со кого се сретна Мицкоски во Брисел и порача на Македонија да ги почитува договорите

Редакција