еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

И Ставревски, Миновски и Славевски ќе го советуваат министерот за финансии Бесими

И поранешните министри за финансии, функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ставревски, Кирил Миновски и Трајко Славевски се дел од советодавно тело на Министерството за финансии, во кое се и поранешите министри за финансии, Џевдет Хајредини, Таки Фити и Никола Поповски.

Советот, како што информираа од Министерството ќе биде активен во текот на целата година за прашања и теми важни за економскиот развој на земјата.

На денешната прва средба се разговарало за економските перспективи на Македонија, за предизвиците кои произлегуваат од пандемијата, енергетската криза, притисокот на цените на светската берза и за потребата за раст на економијата.

Фото: Министерство за финансии

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нефи Усеини и неговиот брат излегоа од притвор, дале гаранција во недвижен имот проценет на 850 илјади евра

Редакција

Публикација на ССНМ: Новинарите се во лоша социо-економска положба, потребно е подобрување на работничките права

Редакција

Обвинение за кајакарски платформи на Матка

Редакција