еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Целосно реновирана и модернизирана бензинската станица на Макпетрол во Визбегово, Скопје

Речиси 75 години „Макпетрол“ АД се стреми кон постојан напредок и воведување новитети во своето работење, знаејќи дека својот успех го должи на довербата и лојалноста на клиентите и на пошироката заедница.

Низ сите овие години компанијата со особено внимание се труди да ги задоволи потребите на своите потрошувачи и да им овозможи квалитетно, сигурно и економично снабдување со нафтени деривати, гас и био горива.

Токму поради тоа, во изминатиот период, „Макпетрол“ АД, најголемиот дистрибутер на горива во државата, постојано инвестира во обнова на своите капацитети, како и во изградба на нови, со цел подобрување и осовременување на својата мрежа на производствени и услужни објекти, информираат од компанијата.

-Согласно потребите на потрошувачите, компанијата го продолжи инвестицискиот циклус со целосна реконструкција на постојната бензинска станица Визбегово, на излезот од градот Скопје, на патниот правец кон Косово.

Станицата сега доби современ и функционален изглед, притоа задоволувајќи ги највисоките пропишани технички и безбедносни нормативи. Достапност кон квалитетните производи и услуги потрошувачите имаат во текот на 24 часа, секој ден во неделата, велат од компанијата.

Вкупната инвестиција за реконструкција на оваа бензинска станица изнесува над 100 милиони денари. На бензинската станица се поставени мултиплекс апарати со капацитет за истовремено точење на горива во осум возила.

Достапни се квалитетните горива од фамилијата ULTRA на „Макпетрол“ –  Ultra 95+ Economy, Ultra 100 Race Pro, Ultra Diesel Green Power, Ultra Diesel Bio Power и Ultra LPG plus. Исто така, во продажниот објект на бензинската станица на потрошувачите им стои на располагање широк избор на производи од дополнителниот асортиман.

-Оваа современа бензинска станица ја покажува определбата на компанијата која преку инвестирањето во своите нови и постоечки капацитети е секогаш во чекор со светските трендови и новитети во нафтениот бизнис со цел сервисирање на современите потреби на потрошувачите.

Горди сме што можеме да кажеме дека „Макпетрол“ преку своите производи и услуги е симбол на бескомпромисен квалитет. Оваа заложба на компанијата е препознаена и наградена од нашите верни корисници што ни претставува особен поттик за нашата понатамошна успешна работа, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Пендаровски ја поклони книгата „Македонија е се што имаме“ од Глигоров на библиотеката на Парискиот мировен форум

Редакција

(Галерија) Филхармонија со концертот „Ну погоди“ ги врати возрасните во детството

Редакција

Првата награда на МИМ, „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија ја доби Владо Апостолов од „Призма“

Редакција