еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

33 нови случаи на Омикрон во Македонија и уште три со флурон, комбинација од грип и Ковид-19

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот Омикрон на вирусот SARS CoV2.

„Од изработени 56 примероци позитивни на SARS CoV2, 33 се позитивни на Омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 59% од позитивните примероци.

Оваа варијанта е детектирана кај 16 пациенти од Скопје, 10 од Охрид, 4 од Тетово, 2 од Кавадарци и 1 од Кочани.

Кај тројца пациенти од Скопје истовремено е детектирана комбинација од двата вируса Influenza A i SARS CoV 2“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кај 26-годишник во Македонија регистриран флурон, има и грип и Ковид-19

Во Скопје и Кочани регистрирани девет нови случаи на сојот Омикрон

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Убиениот Панче Жежовски бил закопан во триметарска јама

Редакција

Стејт депратмент: Македонија презема напори, но не ги исполнува целосно стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе

Редакција

Објавени списоците: Кои граѓани добија финансиска помош за справување со енергетската криза

Редакција