еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Новата варијанта на Ковид-19 забрзано се шири: Омикрон регистриран во 12 градови во Македонија

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 3 до 9 јануари, покажуваат дека новата варијанта на Ковид-19, Омикрон, забрзано се шири низ Македонија.

“Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ, во периодот од 05 -10.01.2022, направено е секвенционирање на вкупно 152 позитивни примероци на SARS-CoV2, а во 104 од нив (68,4%) е детектирана Омикрон варијантата (B1.1.529).

Омикрон варијантата е откриена во 12 градови и тоа: Скопје – 48, Охрид – 27, Кочани – 7, Тетово – 6, Велес – 5, Пехчево, Штип, Гевгелија, Кавадарци – по 2 и Виница, Неготино, Битола – по 1“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драматичен раст: Минатата недела дури 946 лица по вторпат заболеле од Ковид-19

Проф. Трајковски: Сите коишто прележале пред јуни 2021 година, се потенцијални жртви на заразување со новиот омикрон сој

Кои се најчестите симптоми на омикрон?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројките и понатаму високи: Нови 173 заболени од корона вирусот, најмногу во Скопје 75

Редакција

Продадени два блока акции од Комерцијална банка за 546.000 евра

Редакција

За кои пратеници до сега се бараше одземање на пратеничкиот имунитет

Редакција