еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Мехмедовиќ за „Фокус“: „Никој не може со сигурност да каже дека со омикрон ќе заврши пандемијата“

Доктор Злате Мехмедовиќ од ковид центарот на интерните клиники за Фокус вели дека во моментот неконтролираното ширење на новата варијанта омикрон значи исклучително многу можности за мутација на вирусот и создавање на нови варијанти.

„Се уште постои емпириска можност за функционално „унапредување“ на САРС-Ков2 и никој не може со сигурност да каже дека тоа нема да се случи, односно дека омикрон ќе биде последната варијанта со која ќе заврши пандемијата.

Мислам дека сериозен проблем преставува промовирањето на тезата за намерна експозиција на оваа условно кажано „лесна-блага“ варијанта на вирусот со цел да се создаде суперимунитет, па дури се промовира и да не се носат маски на затворено, да нема затворање на рестораните и кафаните, како и да не се користат ковид сертификати“, објаснува доктор Мехмедовиќ за Фокус.

Според него, повеќето луѓе ги поминале последните две години борејќи се да го избегнат Ковид-19, а сега некој ги потикнува да го направат спротивното.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет причини зошто не треба намерно да се заразите со омикрон: Не е настинка, сепак е животозагрозувачка состојба

Фото: Фејсбук/Мехмедовиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сезонава само 379 регистрирани случаи на грип, најмногу заболени кај децата до 4 години

Редакција

Вечерва во три часот по полноќ ќе почне зимското сметање на времето

Редакција

Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Редакција