еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

10 биле вакцинирани: Од Ковид-19 починале 16 лица, дополнително пријавени уште 5

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 16 починати лица од Ковид-19:  6 починати лица од Скопје (61г, 67г, 78г, 83г, 89 и 89г), 3 од Струмица (70г, 79г и 80г,) по 2 починати од Охрид (69г и 85г) и Прилеп (84г и 84г) и по едно починато лице од Битола (80г), Гевгелија (64г) и Кочани (79г).

Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се пет починати лица, по едно починато лице од Скопје, Гостивар, Битола,  Куманово и Пробиштип на возраст од 67г до 88г.

Пријавените се починати во период од 6.01.2022 до 19.01.2022г. Сите пријавени се починати во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=21), десет лица се целосно вакцинирани.

Вкупниот број на починати е 8.198.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: 1.353 оздравени од Ковид-19

243 се реинфекции: 1.913 нови случаи на Ковид-19 од 7.219 тестирања

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со институциите не треба да раководи оној кој е посакуван, туку оној кој е најпотребен

Редакција

Конечно: Од четврток авиолинија Скопје – Атина

Редакција

Милошоски смета дека Собранието треба да расправа: Неприфатливо е државен јазик да е предмет на преговори со ЕУ

Редакција