Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 17 до 23 јануари покажуваат дека се регистрирани заболени лица со Ковид-19 во сите возрасни групи.
“Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст 30-39г (n=2.711, 23,4%) и 40-49г (n=2.424, 20,9%).
Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9г (n=267; 2,3%).
Се забележува зголемување на бројот на заболени кај скоро сите возрасни групи со најголемо зголемување кај возрасната група над 0-9 години со зголемување од 30,9% и возрасната група 60+ со зголемување од 17,1% во однос на претходната недела.
Се регистрира намалување на бројот на заболени кај возрасните групи од 10-19 години (-15,3%) и 20-29г (-18,0%) во однос на минатата недела.
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 6.114 (52,7%) лица од женски и 5.496 (47,3%) од машки пол“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Расте бројот на лицата во Македонија кои по третпат заболеле од Ковид-19 и на починати со реинфекции
4 лица биле на возраст од 30 до 49 години: Минатата недела 97 лица починале од Ковид-19
Раст од 25%: Минатата недела 1.559 реинфекции со Ковид-19
Фото: МЗ