еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Папата Франциск: Родителите да не ги осудуваат своите деца припадници на ЛГБТИК заедницата, туку да им пружат поддршка

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск изјави дека родителите не треба да ги осудуваат своите деца припадници на ЛГБТИК заедницата, туку да им пружат поддршка.

Папата ги коментираше потешкотиите со кои се соочуваат родителите во воспитувањето на децата.

Според папата, родителите кои имаат деца припадници на ЛГБТИК заедницата не треба да се кријат зад ставот на осудување.

Поглаварот на Римокатоличката црква и претходно имаше нагласено дека овие деца имаат право на тоа да бидат прифатени од своите родители, браќа, сестри.

Како што наведува папата, Римокатоличката црква не може да ги прифати истополовите бракови, но дека може да поддржи закони од граѓански синдикати, според кои, лицата припадници на ЛГБТИК заедницата имаат право на пензија, здравствена нега и други прашања поврзани со наследство.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Триста Иранци починале пиејќи метанол „против“ корона вирусот

Редакција

Каков имот пријавил Зекир Рамчиловиќ, новиот амбасадор во Црна Гора

Редакција

За 80 отсто се намалуваат хоспитализациите со вакцините на „АстраЗенека“ и „Фајзер“

Редакција