еМагазин
Image default
Свет

За 80 отсто се намалуваат хоспитализациите со вакцините на „АстраЗенека“ и „Фајзер“

Една доза од вакцините на „АстраЗенека“ или „Фајзер/БиоНТек“ против Ковид-19 ги намалува шансите за болничко лекување за повеќе од 80 отсто, покажува анализата спроведена во Англија.

Податоците на јавното здравство во Англија за луѓето на возраст над 80 години се совпаѓаат со слично „шпекулативните“ резултати во Шкотска.

Секретарот за здравство Мат Хенкок истакна дека наодите се „многу силни“.

Тој додаде и дека со вакцинацијата може да се објасни зошто бројот на приеми во одделите за интензивна нега поради Ковид-19 за луѓето над 80-годишна возраст во Велика Британија е „намален на едноцифрен број во последните неколку недели“.

Повеќе од 20 милиони луѓе ја примиле првата доза од вакцината против коронавирусот во Велика Британија, односно над една третина од возрасната популација.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Падна“ Мариупол, градоначалникот изјави дека градот е во рацете на руските сили

Редакција

(Видео)„Жолтите елеци“ се обидуваат да влезaт во зградата на Европскиот парламент во Брисел

Редакција

Рекордни 16 тони кокаин запленети на пристаништето во Хамбург

Редакција