еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Стретешки важно и за Македонија: Gastrade ја усвои конечната инвестициска одлука за изградба на самостоен систем за природен гас во Александрополис

Акционерите на Gastrade SA ја донесоа конечната инвестициска одлука (FID) за изградба на Самостоен систем за природен гас (INGS) во Александрополис. FID е последната и најважна пресвртница пред проектот да влезе во фазата на изградба, информираат од таму.

Генералното собрание едногласно одобри дека се обезбедени сите барања за реализација на проектот, и дека проектот е на вистински пат во согласност со неговиот распоред.

Изградбата и функционирањето на терминалот за течен природен гас (LNG) во Александрополис ќе придонесе за енергетската безбедност, ликвидност и диверзификација на земјата и целиот регион на Југоисточна Европа, зајакнување на стратешката улога на Грција и нудење алтернативни извори и рути за снабдување со природен гас во областа.

Пловечката единица за складирање и регасификација (FSRU), со капацитет од 153.500 метри квадратни на LNG, ќе биде поврзанa со Националниот систем за пренос на природен гас на Грција со цевковод долг 28 километри, преку кој гасифицираниот LNG ќе се пренесува на пазарите во Грција, Бугарија и поширокиот регион, од Романија, Србија и Македонија, сè до Молдавија и Украина.

Терминалот се очекува да проработи до крајот на 2023 година, при што договорениот капацитет за регасификација веќе достигнува до 50 проценти од техничкиот капацитет од 5,5 милијарди метри кубни годишно.

Се напоменува дека Александрополис INGS е вклучен и финансиран од Оперативната програма на NSRF „Конкурентност, претприемништво и иновации 2014-2020“ (EPAnEK)“ во износ од 166,7 милиони евра.

Основачката акционерка и претседателка на Управниот одбор на Gastrade, Елмина Копелузу изјави:

„Конечната одлука за инвестирање отвора ново, важно поглавје во енергетската безбедност на земјата и Југоисточна Европа. Посебно сме среќни што Gastrade презема критичен проект кој е приоритет за Европската Унија. Александрополис INGS ќе придонесе за безбедноста на снабдувањето со енергија, ќе ги диверзифицира енергетските рути и ќе придонесе за развој на конкуренцијата во корист на крајните потрошувачи“.

Константинос Сифнаиос, потпретседател и управен директор на Gastrade истакна:

„Стратешкиот проект за регионот сега ја достигна фазата на имплементација. Навистина сме горди на ова достигнување и уверени сме дека човечките ресурси на Gastrade, заедно со знаењето и поддршката на акционерите, ќе ја направат реалност визијата за нова, иновативна енергетска влезна капија во нашата земја“.

Претставникот на Gaslog Cyprus Investments Ltd, Паоло Еноизи, изјави: „GasLog инвестираше и ја поддржа работата од самиот почеток и посебно сме воодушевени што го постигнавме денешниот резултат.

Оваа работа ни е многу важна, бидејќи GasLog не само што учествува во акционерскиот состав на Gastrade, туку по успешното завршување на релевантната конкурентска процедура, GasLog ќе ја преземе конверзијата на еден од нашите бродови од флотата во FSRU, што дополнително ќе биде префрлен до GasLog кон крајот на 2023. година.

Уште повеќе, GasLog ќе го преземе работењето и одржувањето на FSRU, обезбедувајќи преку својата стручност давање на високо ниво на услуги за корисниците на станицата.

Оваа плуралистичка улога на нашата компанија во оваа работа ни дава посебен мотив за нејзин успех, и со нетрпение очекуваме да обезбедиме нов, современ и адекватно функционален влезен портал на LNG за Грција и Југоисточна Европа“.

Претседателот на DEPA Commercial S.A, Јоанис Пападопулос и извршниот директор, Константинос Ксифарас ја дадоа следната заедничка изјава:

„Актуелната енергетска криза го истакнува стратешкото значење на инвестирањето и материјализацијата на Александрополис INGS, не само за Грција, туку и воопшто за поширока Европа. Се создава нова влезна капија за снабдување со енергија, која драстично ќе го унапреди местото на нашата земја во енергетската мапа на Југоисточна Европа“.

Извршниот директор на Bulgartransgaz EAD, Владимир Малинов, исто така, ја спомена важноста на одлуката, истакнувајќи дека донесувањето на конечната инвестициска одлука од страна на сите акционери е клучен момент во продолжувањето на изградбата на терминалот за течен природен гас во Александрополис, Грција.

Малинов ова го изјави за време на Генералното собрание на акционери што се одржа во Атина.

„Учеството на бугарската држава преку Bulgartransgaz EAD, како акционер во проектот, ќе придонесе за зајакнување на пазарот на природен гас во регионот на Југоисточна Европа. Пристапот до алтернативни снабдувања на природен гас, исто така од САД, Египет, Катар и др., кон Бугарија и соседните земји ќе обезбеди конкурентски цени на пазарот на природен гас.

Зголемената ликвидност преку пристап до течен природен гас ќе го забрза процесот на декарбонизација во Бугарија“, додаде Малинов.

Извршната директорка на DESFA S.A, Марија Рита Гали, им изјави на акционерите:

„Денешната конечна инвестициска одлука за Александрополис FSRU го означува почетокот на симболичниот проект, кој ќе игра клучна улога во зајакнувањето на енергетската безбедност на Грција и дополнително ќе ја воспостави водечката позиција на земјата во регионалниот енергетски развој.

Со имплементацијата на овој стратешки важен проект и неговата интерконекција преку NNGTS на DESFA со постојните и новите извозни рути кон Бугарија и Северна Македонија, Грција и натаму ќе се појавува како енергетски центар за оваа област, зголемувајќи го извозот на гас на пазарите на Југоисточна и Централна Европа, зголемувајќи ја диверзификацијата на изворите на снабдување и суштински придонесувајќи за енергетската транзиција на Грција и поширокиот регион.

Посветена на развојот на критичната енергетска инфраструктура, DESFA со врвното знаење и долгогодишно искуство стекнато во работата на терминалот Revithoussa LNG, ќе придонесе за оптимален дизајн и одлична имплементација на Александрополис FSRU“.

За Gastrade S.A.

Gastrade S.A. е првата компанија во Грција која доби лиценца за независен систем за природен гас. Таа ги проучува, дизајнира, развива управува со инфраструктура, која е неопходна за прием, пренос и дистрибуција на природен гас, како и за негово складирање, втечнување и повторна гасификација, на безбеден, сигурен и финансиски здрав начин.

Петте акционери на Gastrade се Елмина Копелузу, GasLog Cyprus Investments Ltd., DEPA Commercial A.E., бугарскиот Bulgartransgaz EAD (“BTG”) и DESFA S.A.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И државен правобранител во масовна тепачка на деца и родители во Струга

Редакција

Македонските и бугарските историчари во Софија размениле предлози за учебниците по историја за кои ќе се разговара во март

Редакција

Владата ќе продолжи да го субвенционира „Визер“ по реактивирање на авио линиите

Редакција