еМагазин
Image default
Македонија

Камчев позитивен на Ковид-19, одложено рочиштето за „Плацови на Водно“

Судењето за случајот „Плацови на Водно“ денеска се одложи поради отсуство на четворица од повиканите сведоци и по барање на одбраната на обвинетиот Орце Камчев, кој од вчера е позитивен на Ковид-19.

Според одбраната на Камчев, кој денеска присуствуваше во судницата во Основниот кривичен суд во Скопје, Камчев вчера направил брз антигенски тест на Ковид-19 и кај него е детектиран вирусот, но чека решение за самоизолација.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Според обвинението, Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот”, неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари”, а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело”.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регистрирани 475 прекршоци за неносење маски во изминатите 24 часа

Редакција

Еден починат, двајца новозаболени со Ковид-19 во Тиквешко

Редакција

Кривична одговорност за работодавачите за непочитување на препораките за корона вирусот: Пријави на 151-31

Редакција