еМагазин
ЖИВОТ

(Фото) Двајца планинари од Скопје, спасени над село Вешала во близина на границата со Косово

Денеска околу 15 часот, Екипа за брз одговор за спасување на планина од Подрачното одделение за заштита и спасување Тетово со претставници од Дирекцијата за заштита и спасување добиле пријава дека двајца планинари од Скопје се повредени некаде над село Вешала од каде што се искачува врвот Кобилица на Шар Планина во близина на границата со Косово.

По комуникацијата со лицата, екипите се упатиле кон локацијата за да ги пронајдат и спасат.

По нивното пронаоѓање, на еден од планинарите му била укажана помош поради повреда на коленото, при што се упатиле кон Вешала.

Фото: Фејсбук/Дирекција за заштита и спасување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зошто ја сакаме јагодата?

Редакција

Поранешен шкотски премиер почина на конференција во Охрид

Редакција

(Фото) Се ожени доктор Кунгуловски

Редакција