Владата на деветата редовна седница ја разгледа и усвои Информацијата во врска со План за производство на АД „Електрани на Северна Македонија“, во државна сопственост за февруари и март 2022 година со која е продолжена мерката за обезбедување дополнителни количини на електрична енергија од домашно производство за уште два месеца.
-Согласно ова, донесена е одлука за продолжување на мерката со која дополнителните количини на електрична енергија ќе се обезбедат од домашно производство, односно од Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „ТЕ-ТО“ АД Скопје, кое ќе работи седум дена во неделата во периодот од 00:00 часот наутро до 24:00 часот со полна моќност, во периодот од 1 февруари 2022 година до 31 март 2022 година, соопштија од владината прес-служба.
Согласно оваа мерка, АД „Електрани на Северна Македонија” – Скопје ќе ја откупува целокупната произведена електричната енергија на Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „ТЕ-ТО“ АД Скопје, според правата и обврските меѓусебно утврдени со склучен Договор за купопродажба на електричната енергија, стои во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
БЕГ склучи рамковна спогодба со ТЕ-ТО во вредност од 59,6 милиони евра