Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 22 починати од Ковид-19: 10 починати лица од Скопје (49г, 52г, 59г, 62г, 67г, 68г, 70г, 71г, 85г и 87г), по 2 починати лица од Гевгелија (67г и 75г), Охрид (79г и 86г) и Струга (73г, и 74г) и по едно починато лице од Битола (84г), Делчево (75г), Кичево (86г), Кратово (29г), Неготино (56г) и Струмица (82г).
Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 починати лица, Кичево (2), Валандово (1) и Тетово (1).
Починатите се на возраст од 56г до 81г. Пријавените лица се починати во домашни услови, во период од 26.01.2022 -27.01.2022г.
Од вкупниот број на починати лица (n=26), 14 лица се целосно вакцинирани, а кај сите се регистрирани коморбидитети.
Вкупниот број на починати е 8.409.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: 7.170 оздравени од Ковид-19
84 се реинфекции: Нови 711 случаи на Ковид-19 од 3.197 тестови
Фото: МЗ