еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Роамингот за македонските граѓани со земјите од ЕУ ќе поевтини за 30%

Македонските граѓани од овој месец имаат за 30 проценти поевтин роаминг со земјите од ЕУ, потврди денеска министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.

-Од 1 октомври веќе стапи во сила Договорот помеѓу операторите на ЕУ и операторите во Западен Балкан за намалување на цените на роаминг податоците во склоп на процесите во ЕУ.

Тоа значи дека нашите граѓани и бизнисот од Северна Македонија кога ќе одат надвор веќе имаат 30 проценти помали трошоци за роаминг и обратно, значи граѓаните или бизнисите од ЕУ во Северна Македонија ќе имаат 30 проценти намалени трошоци за роаминг, рече министерот Алиу кој одржа брифинг со медиумите.

Прашан конкретно што би значело тоа во однос на цените, Алиу рече дека тие се во надлежност на операторите.

– Конкретно, најверојатно операторите очекуваме овие денови да излезат со понуди, со пакети во коишто ќе ги имаат, ќе ги понудат (цените), бидејќи Договорот е помеѓу операторите на ЕУ и операторите на Западен Балкан, рече министерот Алиу.

Тој нагласи дека се дефинирани и активности за натамошно постепено намалување на цените за роамингот и тоа во 2026 година ќе има исто така намалување за 30 проценти, а се очекува во 2028 година цените за роаминг да бидат исти како цените на тие услуги коишто ги има на домашен пазар.

-Тоа значи дека во 2028 година истите цени ќе ги имаме како внатре, така и надвор од државата, вели министерот за информатичко општество и администрација.

На новинарско прашање Алиу посочи дека сите оператори се согласиле да ги намалат цените и оти од операторите зависи како ќе комуницираат со граѓаните и дали ќе информираат преку кампањи, бидејќи станува збор за приватен сектор.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Под истрага фирма која ја чисти Владата и министерства

Редакција

И по вонредната состојба, продолжуваат да важат мерките со кои одредени категории граѓани се ослободуваат од работа

Редакција

Мијалков го бараат за да му дадат решение за куќен притвор, ама не можат да го најдат

Редакција