еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Фото) Кедев продолжува да испишува историја: Искачен Cho Oyu, негов осми врв повисок од осум илјади метри надморска височина

Доктор Сашко Кедев го искачи врвот Cho Oyu (8.201 мнв), негов осми искачен врв повисок од 8.000 метри надморска височина. Тимот од осум членови, врвот го искачиле на 2 октомври, информираат од Imagine Nepal, која е една од најелитните непалски експедиции, чии што шерпаси, во моментов се едни од најпознатите и најподготвените за искачување на овие исклучително предизвикувачки и толку посакувани врвови.

Информацијата за еМагазин, ја потврди и Кедев.

Сашко Кедев на Cho Oyu

Планината Cho Oyu е шеста највисока планина во светот и се наоѓа на границата помеѓу Непал и Тибет, 20 километри западно од Монт Еверест. Името на овој врв на тибетски значи „тиркизна божица“.

Пред да го постигне овој огромен успех, во јули Кедев се искачи и на Нанга Парбат на 8.126 мнм, кој се наоѓа на планински масив во Пакистан.

Сашко Кедев на Nanga Parbad

Со искачувањето на овие два врва за овие три месеци, Кедев искачи осум од 14-те врвови кои се повисоки над 8.000. Во неговиот алпинистички успех се запишани и врвовите Монт Еверест (8.848), К2 (8.611), Далагири (8.167), Манаслу (8.163), Броуд пик (8.051), Анапурна (8.091 метри).

Не е за потценување ниту успехот што Кедев го има постигнато со искачувањето на највисоките врвови на сите континенти Аконкагва Јужна Америка, Денали Северна Америка, Килиманџаро Африка, Елбрус Европа, Антартик, Карстенз пирамид Индонезија.

„Скокот во непознатото, прифаќањето на ризик и живеењето на некој начин опасно, е единствениот пат за личен раст. Но, тука секој треба да го детектира и да си го ограничи своето ниво на ризично живеење. Секој има индивидуално ниво на прифатлив ризик.

И во секоја непријатна ситуација, која навидум изгледа неповолна има скриено добро. Никогаш не е ништо само лошо. И затоа дали дали ќе бидеме под стрес или благосостојба, зависи од самите нас,“ вели Кедев за страста кон искачувањето на овие исклучително тешки врвови за кои освен физичка подготовка потребна е и неприкосновена психичка јачина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кедев го искачи и врвот Анапурна 8.091 м.н.в, шести во низата над осум илјадарки

(Галерија) Кедев за искачувањето на петте врвови над 8.000 метри: Во животот најмногу учиме од неуспесите, низ тешкотиите растеме

Фото: Сашко Кедев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѓоковиќ по шест години изгуби на Австралија Опен, нема да може да се бори за 11. трофеј

Редакција

Малинка Ристевска Јорданова за „францускиот предлог“: Не треба да остане не

Редакција

Нови 407 случаи на Ковид-19 од 2.540 тестирања

Редакција