еМагазин
Image default
Македонија

Пендаровски за утре свика седница на Советот за безбедност за актуелната политичка и безбедносна состојба

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски утре седница ќе одржи Советот за безбедност, на која ќе биде разгледана актуелната политичка и безбедносна состојба во регионот и пошироко.

На седницата, како што информираат од кабинетот на Пендаровски, ќе присуствуваат редовните членови на Советот, Талат Џафери, претседател на Собранието, премиерот Димитар Ковачевски, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска, министер за одбрана, Бујар Османи, министер за надворешни работи, Ненад Марковиќ, професор на Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Ветон Љатифи, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа и Трајан Гоцевски, поранешен министер за одбрана и универзитетски професор.

На покана на претседателот, на седницата на Советот ќе присуствуваат и Еролд Муслиу, директор на Агенцијата за разузнавање, Виктор Димовски, директор на Агенцијата за национална безбедност и генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, началник на Генералштабот на Армијата.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчевска: Време е Македонците да го стават проблемот со Бугарија и Франција пред Советот на Европа и ООН

Редакција

АВМУ: Политичарите да се воздржат од тужби кон медиумите и да не ја загрозуваат слободата на изразување

Редакција

Учебната година почнува со физичко присуство, апелираме родителите да се вакцинираат, велат од Министерство за здравство

Редакција