еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Во сабота локални врнежи, од понеделник стабилно и потопло

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време.

Утре во планинските подрачја ќе има врнежи од слаб снег, а ќе дува и засилен северен ветер, особено во источните делови. Локални врнежи од дожд и снег ќе има во сабота кон крајот на денот и во текот на ноќта.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од понеделник ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури.

Утре утринските температури ќе се движат од -10 до два степена, а дневните ќе бидат од -1 до осум степени.

За време на викендот ќе биде потопло, до 12 степени, а идната недела температурите ќе достигнат 15 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прогласена епидемија на мали сипаници на територијата на цела држава

Редакција

СДСМ доби нов Извршен одбор: Кои се новите членови

Редакција

Кривична за скопјанецот осомничен за убиство пред казиното во Капиштец

Редакција