еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Детали од МВР за приведувањето на заканувачот на обвинителите Јовески и Русковска

Лицето кое се закануваше дека ќе ги убие јавните обвинители Љубомир Јовески и Вилма Русковска е приведено и против него е поднесена и кривична пријава.

Од МВР соопштија дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против С.З. (56) од Битола, за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ предвидено и казниво по член 144 став 3 од Кривичниот законик.

– На 20 и 22 декември 2021 година С.З. преку редовна пошта од АД Пошта на Северна Македонија – подружница ЦРПС Прилеп, испратил писма со сериозни закани по животот на јавниот обвинител од ОЈО за ГОКК, Вилма Русковска.

Исто така, на 17 јануари 2022 година преку редовна пошта од АД Пошта на Северна Македонија – подружница ЦРПС Битола, пријавениот испратил писмо со сериозни закани по животот на Љубомир Јовески, јавен обвинител на Република Северна Македонија. Како испраќач на сите писма пријавениот навел лица со невистинити генералии.

Веднаш по добиените пријави, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Битола, во соработка со Агенцијата за национална безбедност преземаа мерки и активности за расчистување на случајот, се наведува во соопштението на МВР.

Полицијата на 21 јануари 2022 година извршила претреси на две локации на подрачјето на Битола и тоа во домот на С.З. и во домот на неговата мајка Љ.З., а при извршените претреси се пронајдени и одземени мобилен телефон, лаптоп компјутер и предмети поврзани со кривичното дело.

Заканувачот е лишен од слобода, а по разговорот со него и по извршеното графолошко вештачење од страна на Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења, утврдено е совпаѓање на обезбедениот рачен ракопис од него и рачниот ракопис во напишаните заканувачки писма.

С.З. е приведен и со кривичната пријава ќе биде предаден на надлежното Обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Русковска добила закани: Ми се закануваа дека ќе ме убијат ако не ги осудам Зоран и Вице Заеви

(Фото) Закани по живот за обвинителот Јовески: „Ослободете ги новинарите на Алфа“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР го објави списокот на седумтемина повредени патници во несреќата во Бугарија

Редакција

Бројката се зголемува: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 546 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Здравствената состојба на Боки 13 се влошува, вели неговиот адвокат, одложено рочиштето за “Меѓународен сојуз“

Редакција