еМагазин
Image default
Бизнис

(Фото) Забележана е појава на фалсификувани банкноти од 2.000 денари, алармираат од Народна банка, еве како да се заштитите

Забележана е појава на фалсификувани банкноти од 2.000 денари, за што е известено и Министерството за внатрешни работи за преземање активности во негова надлежност, информираат од Народна банка.

Со цел да ги заштити граѓаните и правните лица, Народната банка укажува на начинот на кој може лесно да се провери дали станува збор за фалсификат.

Појавениот тип на фалсификат е изработен на обична (комерцијална), двослојна хартија којашто при допир значително се разликува во дебелината, цврстината и еластичноста во однос на оригиналната хартија на која се изработуваат банкнотите. Покрај тоа, оригиналните банкноти содржат високософистицирани заштитни елементи според кои граѓаните можат да направат разлика и да ја препознаат нивната автентичност.

Фалсификуваната банкнота може многу лесно да се препознае доколку се обрне внимание на основниот заштитен елемент, отпечатен со оптички варијабилна боја, којшто се наоѓа на горниот средиштен дел на предната страна на банкнотата.

Овој елемент кај фалсификуваната банкнота воопшто не ја менува бојата со придвижување на банкнотата, додека кај оригиналните банкноти, со придвижување на банкнотата под одреден агол, може да се воочи како се менува неговата боја од зелена во сина и низ елементот се појавува светлозелен прстен којшто симулира ефект на движење, како што е прикажано на следнава слика:

Особено впечатлива е имитацијата на заштитниот конец, којшто е вметнат помеѓу двата слоја хартијата со видливи засеци и со придвижување на банкнотата создава лажен впечаток на делумно менување на боите. Но, доколку се набљудува малку повнимателно јасно ќе се воочи дека е имитиран:

Исто така, фалсификуваните банкноти може да се препознаат доколку се обрне внимание на водениот печат. Водениот печат кај овој тип фалсификат е имитиран со нанесување на основниот мотив со нијанса на жолтеникава и сива боја и е видлив, додека кај оригиналните банкноти е видлив единствено доколку ја поставиме банкнотата под извор на светлина:

Сите информации поврзани со заштитните карактеристики на банкнотите со апоенска вредност од 2.000 денари проследете ги на видеопрезентацијата на веб-страницата на Народната банка: nbrm.mk.

Доколку забележите фалсификувана банкнота, треба да се обратите до банките или до Министерството за внатрешни работи, коишто понатаму ќе постапат во согласност со своите надлежности.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Банка со нови кредитни продукти за поддршка на конкурентноста и енергетската ефикасност

Редакција

Оилко ќе дели дивиденда од 600 денари бруто по акција

Редакција

НЛБ Банка наградена за најдобра банка во категорија „Поврат на капитал“ oд реномираниот магазин „Finance Central Europe“

Редакција