еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

СДСМ и останатите партии да се изјаснат во врска со Декларацијата за Гоце Делчев, бараат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара СДСМ и останатите политички партии да се изјаснат во врска со Декларацијата што партијата ја поднесе во Собранието по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Декларацијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ, „треба да го отслика единството и обединувањето на политичките партии во македонското Собрание, но исто така и единството на целокупното македонско општество околу неспорниот македонски деец и водач во ослободувањето на Македонија и идејата за самостојна држава Република Македонија“.

-Сакаме да потенцираме дека иако на денот на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев ние ја најавивме оваа Декларација и таа веќе е поднесена до Собранието, досега три дена молк од СДСМ, како и од останатите политички партии во Македонија.

Ја користам оваа прилика да ги повикам СДСМ, како и останатите политички партии во македонското Собрание да се изјаснат со официјален став по повод на оваа значајна Декларација и да покажат дека ликот и делото на Гоце Делчев како учител, народен трибун и револуционер за соработка, за толеранција и за соживот и тоа како заслужува да се донесе ваква декларација токму во законодавниот дом со што сите заедно ќе ја покажеме нашата заедничка почит кон оваа централна личност од македонската историја, рече на прес-конференција во Собранието пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска.

Според неа, само со единство, достојно почитување, достојно прославување и одбележување на дострелите на нашите претци од минатото можеме дополнително да ги зајакнеме демократските темели на државата и на македонското општество.

-Ајде сите заедно да се обединиме и да ја донесеме оваа декларација по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев и да покажеме дека за вакви важни значајни ликови од нашата историја знаеме да бидеме единствени и обединети, рече Василевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече Декларацијата за Гоце Делчев, била дневно-политички театар

Што пишува во декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ за Гоце Делчев

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

177 лица до 19 години за една недела се заразиле со Ковид-19

Редакција

Османи од Албанија: Ќе го заштитиме македонското малцинство

Редакција

Партиско дувло: Бројот на вработени во ЕЛЕМ се зголемил за речиси 1.000 лица од 2009 до 2018 година

Редакција