еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Протест за поддршка на самохраните родители и еднородителски семејства

One Can како организација која се залага за заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на родовата еднаквост и женските права, со акцент на самохраните родители и еднородителските семејства, организира прв мирен протестен марш во историјата на нашата земја посветен на самохраните родители и еднородителските семејства, информираат од таму.

Маршот ќе се одржи на 13.02.2022 година во Скопје со почеток од 13 часот со првична собирна локација од „Жена Парк“.

Мирниот протест ќе се движи регулирано се до Министерството за труд и социјална политика.

„Со ова сакаме да ја искажеме и прикажеме сликата на самохраните и еднородителските семејства пред целата македонска јавност и сите чинители во македонското општество.

Со задоволство, очекуваме сите, без разлика дали сте самохрани родители, разведени партнери, индивидуи, поддрувачи, млади и возрасни, новинари и репортери, вработени и невработени, јавни личности и политичари.

Поводот за организирање на овој марш се сериозни прашања и барања на нашите членки, како и секојдневните проблеми со кои се соочуваат самохраните и еднородителските семејства. Темата за самохраните родители не смее да биде табу! Не повеќе,“ велат од тимот на „Една може“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерство за здравство: Повредените патници се контактибилни, но превентивно се врши компјутерска томографија

Редакција

Облачно со дожд цела недела

Редакција

Денеска претпладне сончево време, попладне локален пороен дожд

Редакција