еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Владата на ЕСМ ѝ одобри 2,9 милијарди денари за справување со кризата со струја

Владата на денешната седница донесе одлуката за одобрување 2,9 милијарди денари на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), во државна сопственост, за обезбедување финансиски средства за справување со кризната состојба во снабдување со електрична енергија.Со оваа одлука се задолжува ЕСМ овие средства да ги искористи за реализација на мерките за обезбедување дополнителни количини на електрична енергија, соопшти владината прес-служба.Владата одобри ЕСМ да ја спроведе постапката за продолжување на рокот на доспевање на фактурите за испорачана електрична енергија за декември 2021 година и за јануари 2022 година, од ЕВН до 01.07.2022 година.Во врска со ова, Владата го задолжи ЕСМ да склучи Анекс на договорите со ЕВН со кој на дистрибутерот на електрична енергија ќе му се овозможи одложено плаќање на доспеаните фактури за декември 2021 и за јануари 2022 година, со соодветна гаранција во висина на износот на фактурите за кои се продолжува рокот на плаќање.Владата ги прифати и заклучоците на Министерството за финансии со кои се задолжуваат буџетските корисници од централната власт, во најкраток временски рок да ги подмират заостанатите обврски за потрошена електрична енергија и во утврдените рокови да ги плаќаат фактурите за испорачана електрична енергија.За подмирување на заостанатите обврски за потрошена електрична енергија и плаќањето на фактурите за испорачана електрична енергија е донесена препорака до единиците на локална самоуправа и институциите во нивна надлежност, како и за јавните претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затвореник во Идризово им зел 4.000 евра на полициски командири, им ветувал дека ќе ги вработи во МВР

Редакција

(Фото) Како се печатеа првите македонски пари

Редакција

Македонската економија годинава со раст од 2%, прогнозира ЕБОР

Редакција