еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Инвестиција од 15 милиони евра и до 1.500 нови вработувања: Почна со работа новиот производствен погон на Леар и Нормак во ТИРЗ Тетово

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ја врачи употребната доозвола за новиот производствен погон на американската компанија Леар и Нормак инвестмент груп во Технолошко индустриската развојна зона во Тетово.

Инвестицијата на новиот втор циклус изнесува 15 милиони евра, а производниот погон е изграден на површина од 8.000 м2. Со оваа инвестиција се отвораат нови од 1.000 до 1.500 работни места.

„Девет месеци откако бевме тука на поставувањето на камен темелникот за заедничката инвестиција на вториот циклус на Нормак инвестмент груп и американската компанија Леар, денеска имам чест на менаџментот на компанијата да ја предадам употребната дозвола за новиот производствен погон.

Ваквите големи инвестиции се поддржани од државата и инвеститорите имаат поволности и низа олеснувања во повеќе фази на процесот на инвестирањето,“ изјави Бектеши.

Според министерот ваквите инвестиции даваат голем придонес за локалниот економски развој пред се во делот на вработувања, развој на човечкиот капитал, а влијаат позитивно на извозот од овој регион пред се бидејќи се креираат производи со поголема додадена вредност.

„Доказ за тоа се и позитивните резултати од работењето, посебно во време на криза предизвикана од пандемијата, Леар успеа да го зголеми извозот за 10% во 2021 година, по растот на извозот од 15% во 2020 година,“ додаде Бектеши.

Александар Зарков, генерален директор на Нормак Инвестмент Гроуп се заблагодари на Министерството за економија на поддршката која ја даваат на Технолошко индустриската развојна зона во Тетово и на Нормак инвестмент груп.

„Како резултат на успешната приказна која ја градиме со Леар, и останатите инвеститори во ТИРЗ Тетово минатата година споредено со 2020 година бележиме раст на извозот од 16%, а споредено со 2019 година растот на извозот од оваа зона е 25%,“ изјави Зарков.

Американската компанија „Леар Корпорејшн “ е водечки глобален застапник за навлаки за седишта за автомобили и електрични дистрибутивни системи.

Вкупната инвестиција на компанијата во ТИРЗ Тетово изнесува 35 милиони евра. Во првиот производствен погон кој се простира на површина од 12.000 метри квадратни и кој почна со работа во 2016 година се инвестирани 20 милиони евра и 2.000 вработувања.

Вториот производствен погон се простира на површина од 8.000 метри квадратни, вкупната инвестиција е 15 милиони евра и се предвидени 1.000-1.500 нови вработувања.

Фото: Министерство за економија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НАТО повикува на смирување на тензиите околу Украина и нуди дијалог на Русија

Редакција

Прилепската болница ќе треба да прави месечен, наместо квартален бактериолошки мониторинг во одделите со висок ризик

Редакција

Бројката на заразени од корона вирусот во светот надмина осум милиони

Редакција