еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

МЕПСО: Испад на далекувод и пожар во близина на трансформатор, причина за прекинот на струја во Скопје

Испад на далекуводот од ТС Скопје 4 кон ТС Бунарџик и пожар во близина на трансформаторската станица, беше причина за прекин на снабдувањето со електрична енергија во поголем дел од Скопје, делови од Велес и Овче Поле.

Овие два фактори го условија испаѓањето од погон на двата 400/110 кV трансформатори, а со тоа и испадот на целата трафостаница Скопје 4 во населбата Пинтија, соопшти вечерва АД МЕПСО.

– Диспечерите на МЕПСО во најбрз може рок воспоставија напон во најголем дел од населените места и таму е нормализирано снабдувањeто со електрична енергија. Дефектите се изолирани и се работи на нивно отстранување.

Во оваа прилика МЕПСО ги информира граѓаните дека и во текот на вечерва се можни краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија, но единствено во насока на сoздавање услови нашите стручни екипи да ги отстранат преостанатите дефекти, се наведува со соопштението од МЕПСО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради пожар кај трафостаницата во Пинтија, поголем дел од Скопје остана без струја

Поради прекин на струјата, скопјани останаа и без парно чие што снабдување ќе се стабилизира вечерва

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Запленети 50.600 евра на скопскиот Аеродром кај патник од Турција

Редакција

Осумдесет и седумгодишен скопјанец го убил својот 59-годишен син

Редакција

Промени во Надзорниот одбор на „Гранит“

Редакција