еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Првото БМВ Х1 од бонус играта “Заврти екоскутер тркало“ ќе се вози низ Тетово

Радислава Трифуновиќ од Тетово е добитничка на првото БМВ х1 од бонус играта „Заврти Екоскутер тркало“.

Клучевите од својот нов автомобил ги доби нејзината ќерка Анѓелина во салонот на М-Кар од Марјана Станојковска и тимот на Државна лотарија.

Среќната добитничка е верен играч на игрите на среќа на Државна лотарија многу години наназад. Доказ за нејзината упорност се остварените добивки досега како 50.000 денари, 15.000 денари, а и Еко скутер од истоимениот лоз.

Иако Радислава не беше присутна на доделувањето поради престој во Германија, во телефонски разговор ни раскажа за нејзиното учество во бонус играта „Заврти Екоскутер тркало“. Имено, со помош на нејзината ќерка, преку веб страната www.loto.mk регистрирала дневно по неколку недобитни инстант лозови Еко скутер.

На 8-ми јануари, тетка Рада извлекувањето го следела со нејзиниот сопруг и како што ни кажа, цел ден имала претчувство дека ќе се случи нешто големо, а вербата во среќата никогаш не ја изгубила.

Пресреќна за добивката, на сите играчи им посака истрајност и упорност, никогаш да не се откажуваат од потрагата по среќата, затоа што не се знае кога ќе Ви се насмее.

Името на вториот добитник на возило БМВ х1 ќе го дознаеме на 19-ти март. Се што треба да направите е да регистрирате два баркода од недобитен инстант лоз Еко скутер преку веб страната www.loto.mk и секако, да верувате во среќата.

За второто извлекување, во игра се сите регистрирани инстант лозови Еко скутер од 11-то до 20-то коло.

Влези во бонус игра со два броја од твојот недобитен лоз Еко скутер, можеби ќе си заминете дома со прекрасен БМВ х1.

ГРЕБИ ЗА ЕКО СКУТЕР, ВОЗИ БМВ Х1!

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонската кинематографија дел од престижниот Кански филмски фестивал и филмскиот маркет

Редакција

(Видео) Во Штип направена шопска салата за светски рекорд: Tешка е над 300 килограми

Редакција

Промовиран сајт на кој анонимно може да се пријави кршењето на правата на текстилните работници

Редакција