еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Кина загрижена поради ескалацијата на ситуацијата во Украина

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји изрази „загриженост“ поради ситуацијата во Украина во телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, се вели во денешното соопштение на кинеското Министерство за надворешни работи.

– Кина е загрижена поради развојот на ситуацијата во Украина и треба да се почитуваат легитимните безбедносни грижи на која било држава, нагласил Ванг за време на разговорот.

– Треба да се почитуваат целите и принципите на Повелбата на ОН, истакна Ванг, додавајќи дека ситуацијата во Украина е „тесно поврзана со доцнењето“ во спроведувањето на договорот од Минск.

Кина ги повикуваа сите страни да „да бидат воздржани, да ја препознаат важноста од спроведувањето на принципот на неделива безбедност, да ја олеснат ситуацијата и да ги решат разликите преку дијалог и преговори“, изјави Ванг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ескалацијата на состојбата во Укрина ќе удри и по македонскиот џеб

„Кремљ ја призна сопствената агресија врз Украина, ние ќе го браниме нашиот суверенитет“, вели украинскиот министер за одбрана Резников

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски и Османи загрижени за експлозиите на полска територија

Редакција

Митко Јанчев за првпат зборува за приватниот живот: Како несудениот полицаец стана бизнисмен и градоначалник

Петре Димитров

И покрај „заканите” од Грција со евроинтегративниот пат на Албанија, градоначалникот од грчката заедница останува во притвор

Редакција