еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Семејството на дедото кој го уби поранешниот зет повикува на протест за да се брани од слобода

Јове Ѓоргиевски, синот на Тони Ѓоргиевски – Фердо, кој го уби поранешниот зет, кој насилно влезе во неговата куќа, ги повика сограѓаните на мирен протест пред Основниот суд во Битола, за неговиот татко да биде пуштен дома.

„Драги пријатели, добро намерници и сите што ја знаете вистината за мојот татко кој што си ја бранеше својата фамилија од 20 годишните маки.

Ве повикувам на ден 23.02.2022 г. во 12 ч. заедно со мене и мојата фамилија на мирен протест пред Основниот суд во Битола поради одлуката на судот за притвор на мојот татко и истиот да биде пуштен дома за да се брани од слобода за дело кое што го направи во самоодбрана и нужна одбрана и спаси пет други животи, заедно со неговиот шест.

Протестот е уредно пријавен во полиција. Ве молам споделете и Ви благодарам за поддршката на сите!“, напиша Јове Ѓоргиевски на Фејсбук.

Според Обвинителство, кое одреди притвор за Тони Ѓоргиевски, осомничениот, на 21 февруари, со умисла го лишил од живот неговиот зет за ќерка.

„Според првичните сознанија, сега починатиот, вооружен со долг нож, започнал да удира со клоци по дрвената влезна врата од домот на осомничениот и ја скршил.

Штом влегол во домот, во претсобјето бил пречекан од осомничениот кој пукал директно во него со пиштол „Бајкал“ што го поседувал со дозвола.

Го застрелал со два последователни истрели, па оштетениот веднаш паднал и починал на лице место,“ се наведува во соопштението од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали за убиството во Битола: Притвор за дедото кој во домот го застрела неговиот поранешен зет

Фото: Фејсбук/Ѓоргиевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Хрватска ги укина сите ковид-ограничувањата за влез во државата

Редакција

Предлогот на португалското претседателство е прашањето за јазикот да се реши со две унилатерални изјави, вели Османи

Редакција

Нови 115 заболени од Ковид-19 од 1.665 тестирања, најмногу во Скопје, Куманово и Штип

Редакција