еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонскиот амбасадор и дипломати се евакуирани од Украина, преку безбедносен коридор, вели Османи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека денеска успеале да ги извлечат нашите дипломати во Украина преку безбедносен коридор и тие се веќе тргнати кон Молдавија.

– Ситуацијата, посебно во текот на ноќта во Киев е влошена. Ние одлука за евакуација на нашите дипломати имаме донесено на денот на руската агресија во Украина, но поради отежнатите околности тие не беа во состојба да ја напуштат Амбасадата.

Целиот овој период беа во скривница. Ние потоа преземавме неколку координации со наши партнери и успеавме пред половина час да ги извлечеме нашите дипломати преку безбедносен коридор и тие се веќе тргнати кон Молдавија, рече Османи.

Министерот информира дека денеска успеале и да почнат процес на евакуација за 30 наши монитори во рамки на Специјалната мониторинг мисија. Дел од нив, како што кажа, во моментов се упатени кон Молдавија, а дел од нив кон Полска.

– Само што се тргнати на пат, не можам да кажам кои се тие аранжмани од безбедносни причини, но веќе се тргнати во еден конвој за напуштање на Украина, рече Османи.

Одговарајќи на новинарски прашања, Османи посочи дека членовите на семејствата на дипломатите ги вратиле пред две недели, додека дипломатите останале за да излезат последни, затоа што прво им било важно да излезат граѓаните, а потоа на крај и дипломатите.

– Затоа до последен момент откако почнаа воените активности таму дипломатите од скривница даваа патни листови на граѓани на различни форми, но сепак вчера донесовме одлука тие да се евакуаираат на безбеден начин. Тоа успеаја да го направат денеска.

Станува збор за двајца дипломати и уште двајца граѓани кои беа заедно си дипломатите во Амбасада, наши државјани. Едно семејство случајно е придружено со дел од мониторинг мисијата на ОБСЕ која се упатува кон Молдавија, со други граѓани сме во комуникација за да најдеме начин како да ги извлечеме, вклучувајќи ги и семејствата на нашите државјани кои се украински државјани.

Има наши државјани кои се мажени или женети со граѓани од Украина, помина одлука на Влада со која и на нивните семејства ќе им обезбедиме засолниште во земјава, но треба прво да се обебезди безбедносен коридор за евакуација, рече Османи.

Министерот додаде дека добиле барање од Украина за конкретна помош пред се во единции на крв, медицински помагала и лекови, но и други средства кои преку Механизмот на цивилна заштита на НАТО и на ЕУ се координаираат во државата.

– Вчера бев во комуникација со министерот за здравство и со директорот на трансфузија, единици на крв имаме обезбедено. Сега разговараме како истите да ги префрлиме во Украина, но сето тоа ќе го направиме во координиран начин во кој сета помош ќе се аранжира во рамки на комуникацијата на цивилните механизми, рече Османи.

Имено, како што посочи, Република Северна Македонија на завчерашната седница на Владата одлучи да се придружи на пакетот санкции на ЕУ кон таргетирани економски и политички цели во руската федерација, но одлучи и да се придружи на сите рестрективни мерки кои ЕУ ги воведе од 2014 наваму со што, како што нагласи, се постигна 100 отсто усогласување на надворешната и безбедносна политика на Република Северна Македонија со ЕУ.

– Таа политичка одлука беше донесена на седница на Влада, останува да се операционализира преку конкретни одлуки кои треба да се донесат наредните денови, дополни Османи.

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Куновска бара одговорност за катастрофата во Охрид: „Злосторство, ова е за кривична пријава“

Редакција

Антикорупциска отвори предмет за Артан Груби

Редакција

Една фирма за две години добила 14 тендери во Министерството за информатичко општество и јавна администрација, фирмите не им веруваат на институциите

Редакција