еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Една фирма за две години добила 14 тендери во Министерството за информатичко општество и јавна администрација, фирмите не им веруваат на институциите

Анализа во Министерството за информатичко општество и јавна администрација (МИОА) на 18. случајно избрани тендерски постапки за јавни набавки во периодот од 2021 до јуни 2023 година од страна на независна ревизија покажа дека дури 14. од нив ги добила една фирма.

Тендерите биле доделувани на оној кој ќе даде најниска цена, а вкупната сума за 18. анализирани тендерски постапки е 6,5 милиони евра.

Според министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, високиот процент на тендери само со една понуда, во вкупниот број на доставени понуди, влијае врз можноста за избор, што ги принудува институциите да плаќаат повисоки цени поради малата понуда.

Тој смета дека состојбата е таква затоа што компаниите немаат доверба во институциите, па затоа и не се пријавуваат на тендерите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои 10 фирми лани добиле најмногу тендери за јавни набавки на општините

ЕДС, Пуцко петрол и Марковски Компани Борче лани склучиле највредни договори за јавни набавки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Тројца се повредени: Поради густа магла 30 лица се изгубиле на ски терените на Попова Шапка

Редакција

Братот на Верица Белчовска реагира на пресудата: „Сестра мѝ ништо нема да ја врати назад, но само 15 месеци за изгубен млад живот“

Редакција

УЈП распродава запленети автомобили, камиони и автобуси

Редакција